top of page

Прашања/Одговори

- Нејасно во текстовите за Алгоритми, С++, Java, Python.

- Нејасно во книгата „С++ Програмирање“.

- Нејасно во книгата „ЈАВА Програмирање“.

- Нејасно во збирката „С++ Алгоритми и Програми“.

- Нејасно во збирката „С++ Објектно програмирање“.

- Нејасно во книгата „Python/Пајтон“.

- Нејасен текст на задача.

- Нејасен алгоритам.

- Нејасна програма или дел од програмата.

- Предлог за друг алгоритам.

- Предлог за дополнување на текстовите за Алгоритми, С++,

   Java, Python.

На оваа страница ќе ги ставаме прашањата поставени од програмерите, како и одговорите на тие прашања.

 Прашањата поставете ги преку Порака

Прашање: (Од Михаела) Кој е најпопуларен програмски јазик денес?

Одговор: Зависи од тоа за што се ориентирате. Според анкетите, најпопуларни се: Python, Java, C#, C++, JavaScript ...

Прашање: (Од Дејан) Што е алгоритам и зошто се важни?

Одговор: Алгоритам е постапка како да се реши некој проблем. Има проблеми за кои сеуште нема алгоритми со кои може да се реши во догледно време. На пример, како најбрзо да се најде n-тиот Фибоначиев број? Или како најбрзо да се помножат два n-цифрени броја?

Прашање: (Од Миле) Кои се најмалиот и најголемиот цел број кои може да се претстават со 16 бита?

Одговор: Опсегот на означените цели броеви претставени со n-битен е -2^(n ‒ 1)  до 2^(n ‒ 1) ‒ 1 .

За n=16 тој опсег е ‒2^15 = ‒32 768 до 2^15 ‒ 1 = 32 767.

Претставени со битови се:

најмалиот ‒2^15 = ‒32 768 е:        1000000000000000

најголемиот 2^15 ‒ 1 = 32 767 =   0111111111111111

Прашање: (Ад Анета) Како се проверува дали некоја година е престапна?

Одговор: Според Грегоријанскиот календар престапна година е онаа која е делива со 4, ама не е делива со 100.

Исто така, престапна е секоја година која е делива со 400.

Програмски, тоа се запишува со логичкиот израз:  ((godina % 4 == 0) && (godina % 100 != 0)) || (godina % 400 == 0).

Ако е изразот точен (има вредност true), годината е престапна, инаку не е престапна. 

Прашање: (Од Михаела) Дали се пишуваат нови програмски јазици и кои се најнови?

Одговор: Секоја година се пишуваат нови програмски јазици или постоечките се подобруваат со нови верзии. На пример, денес е многу популарен Python 3, значи третата верзија.

Новите програмски јазици најчесто се пишуваат за олеснување и подобрување на апликациите за одредена област, како апликации за нумерички пресметувања, за финансиски анализи, итн.

Меѓу најновите програмски јазици  за кои се предвидува голема примена во иднина се: Mojo, Kotlin, Rust, Julia и Swift.

Прашање: (Од Илија) Кој е најголемиот познат прост број:

Одговор: До сега најголем познат прост број е 2^82,589,933 − 1, кој има 24,862,048 цифри.

Според теоремата на Евклид (Euclid) има бесконечно прости броеви.

Прашање: (Од Миле) Што е енторка во Пајтон?

Одговор: Енторка е превод на терминот tupl од англиски. Преводот на хрватски е торка, а на српски е n-торка.

Енторка е колекција од податоци кои не може да се менуваат. Тие се ставаат во мали загради (но, не мора)

, ама мора да се разделени со запирки. 

На пример: 

datum = 21, 'april', 2024 

Прашање: (Од Петар) Како се декларира дводимензионална листа во Пајтон?

Одговор: Дводимензионална листа се декларира со наредбата:

lista2D = [[0]*koloni]*redici

или

lista2D = [[None]*koloni]*redici

Но, подобро е да се користи декларација со скратено генерирање:

lista2Da = [[0 for j in range(koloni)] for i in range(redici)]

Прашање: (Од Елена) како се пишува една наредба во 2 линии?

Одговор: Наједноставно е користење на знакот за продолжување (англ. continuation character), наречен и 

обратна коса црта (бекслеш), \. 

На пример:

a = 3
b = 4

if a >= b or a <= 10 \
   and a > 0 or (a + b * c) // 2:
    print(a)
else:
    print(b)

Прашање: (Од Михаела) Дали типот string е вграден тип во С++?

Одговор: Не е. Вградени типови (built-in) податоци во С++ се: int, char, float, double, bool, void и wchar_t. 

За користење на типот string, во некои преведувачи, се повикува истоимената библиотека

#include <string>.

 

Прашање: (од Петар) Каква е популарноста на програмските јазици во 2024 година:

Одговор; Популарноста најмеродавна е според IEEE Spectrum:

Python                 1

Java                      0.4855

JavaScript          0.4451

C++                        0.3749

2023 проф. д-р Ѓорѓи Јованчевски

bottom of page